еМагазин
Image default
Македонија

Лични карти и пасоши во Скопје до изборите ќе се издаваат и во сабота и недела

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните во Скопје дека во периодот до одржувањето на парламентарните избори ќе биде овозможено подигање на готовите лични документи (лична карта и пасош) и во текот на деновите од викендите.

„Во периодот до одржување на парламентарните избори на 15.07.2020, Министерството за внатрешни работи ќе овозможи, во седиштето на Одделението за управни работи Скопје (зградата на МТВ) и подрачната канцеларија „Беко“ подигање на личните документи покрај во редовното работно време (од 07:30-20:00 часот од понеделник до петок) и секоја сабота и недела (27 и 28 јуни и 4, 5, 11 и 12 јули) во периодот од 08:00 до 16:00 часот“, соопштија денеска од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинение за 11 лица за „Двојник“, се истражува вмешаност и на други вработени во МВР

Редакција

30-дневен притвор за осомничениот за обид за убиство на началникот на Полициската станица во Струга

Редакција

Германското вештачење за пожарот во тетовска болница готово, се чека преводот на извештајот

Редакција