еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Лидерите не се договорија за ништо, за Ковачевски е позитивно што седнале на заедничка маса

Собранието непречено да функционира, а сите пратеници да се вклучат во носење на законите особено во законите од судството, правото… Ние како Влада сме отворени за соработка и сега е потребна инклузивност и обединетост, а темата за ЕУ да не е терен за дневна политика, побарал премиерот Димитар Ковачевски на денешната средба со претседателите на парламентарните партии.

Ковачевски ги информирал за евроинтеграцискиот процес, но и за енергетската состојба во земјата, за законите од областа на правото што треба да бидат донесени, како и за Буџетот за 2023 година.

Понудил и заклучоци што би произлегле до средбата со кои побарал парламентарните партии зачленувањето во ЕУ да се смета за надпартиски интерес и сите чинители треба да дадат целосна поддршка. Но, Ковачевски кажа дека сепак нема заеднички заклучоци кои би произлегле од средбата.

Премиерот изрази задоволство што сите претседатели на парламентарни партии освен двајца присуствувале на средбата.

-Сите политички партии ги кажаа своите ставови, а дел од нив се познати во јавноста. Клучно е дека седнавме на маса да разговараме за овие прашања, рече Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мицкоски по лидерската: Нема мнозинство за уставни измени, логично е да одиме на предвремени парламентрани измени

МИА/Фото: МИА/видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Разбиена организирана група на шверцери на дрога, приведени три лица, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски стои на располагање за сите детали за истрагата на Антикорупциска

Редакција

„Упад во служба која контролира меѓународни летови е терористички акт„: Твитер реакции

Редакција