еМагазин
Image default
Локално

Лихвар барал месечна камата од 12.000 денари за даден заем од 30.000 денари

Одделението за внатрешни работи Кавадарци поднесе кривична  пријава против М.Ф.(65) поради основано сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, казниво по чл.260 од Кривичниот законик на РСМ.​

„Пријавениот на 25 јануари 2020 на лицето Х.С.(44) од Кавадарци му дал пари на заем со цел да се стекне со несразмерна имотна корист. За 30.000 денари му барал камата од 12.000 денари месечно, а досега наплатил околу 20.000 денари како камата, а на 22 мај 2020 му барал уште 16.000 денари“, појасни Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Семејна драма го потресе Прилеп: Убиени мајка и ќерка, повредени уште две лица

Редакција

Двајца кратовчани си изградиле куќа на државно земјиште

Редакција

Божиќна пештера поставена на Плоштадот во Скопје, минувачите воодушевени

Редакција