еМагазин
Image default
Бизнис

Лотарија на Македонија со намалена добивка во првите три месеци

Лотарија на Македонија АД Скопје во првите три месеци оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех во износ 1.567 илјади денари, што претставува намалување за 34,48% споредбено со 2021 година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Кај оперативната добивка во износ од 1.798 илјади денари споредбено со минатата година има намалување од 31,32%.

Остварените вкупни приходи за периодот 01.01.2022-31.03.2022 година, во висина од  7,526 илјади денари, се зголемени за 18,33% споредбено со остварените приходи во 2021 година.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 99,79% имаат оперативните приходи, кои за овој период се зголемени за 19% во однос на претходната година.

Кај финансиските приходи кои се 0,21% од вкупните приходи има намалување за 68% во однос на минатата година.

Пораст од 54,71% бележат вкупните расходи, кои за периодот јануари – март 2022 година изнесуваат 5,712 илјади денари. Оперативните расходи учествуваат со 100% во структурата на вкупните расходи“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лотарија на Македонија лани работела со намалена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девизните резерви во септември зголемени во однос на август

Редакција

Данела Арсовска назначена за почесен конзул на Унгарија во новиот конзулат во Штип

Редакција

По растот на инфлацијата, ќе има ли зголемување на каматните стапки на кредитите кои се веќе дадени?

Редакција