На 01.01.2020 околу 13.00 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на место викано „Петини рид“, атар на с.Луке, кривопаланечко, М.Д.(37) од Крива Паланка, додека бил на лов, бил погоден од залутано зрно и се здобил со тешки телесни повреди, информира МВР.
Тој бил пренесен во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.