еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Вработени во Комунална хигиена натепале колега оти чистел ѓубре, наместо да протестира

Денеска (10.07.2023) во 00.05 часот на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ц.(28) од Скопје, вработен во ЈП Комунална хигиена Скопје, поради тоа што на 09.07.2023 околу 23.30 часот во трговски центар на подрачјето на Гази Баба, заедно со Д.Д. и уште неколку лица, физички го нападнале Д.С.(37) од Скопје, додека ги извршувал своите работни задачи како вработен во истото претпријатие, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму дополнуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на лицата, а по неговото документирање од страна на Единицата за насилен криминал ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“, по член 386 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Провинцијалците платија да се исчисти метрополското ѓубре„: Твитер реакции за ѓубрето во кое се „дави„ Скопје

(Видео) Ѓубрето од Аеродром и Кисела Вода заврши пред портите на Дрисла, откако на камионите не им беше дозволено да влезат во депонијата

(Видео) Од една фамилија во „Комунална хигиена“ биле вработени над 40, а од друга над 30 лица, откри Арсовска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српски министер изјави дека признавањето на Косово од страна на Македонија ќе и се удри од глава, реагираа Ковачевски и Вучиќ

Редакција

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Редакција

(Фото) Браво за волонтерите на Црвен крст, кои се во првите борбени редови во „битката“ со коронавирусот

Редакција