Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со значителен пораст на температурата.
Од среда дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе биде над 35 степени, а понекаде ќе надмине и 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура во Скопје и во јужните делови нема да се спушта под 20 степени.
Фото: Унсплеш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.