еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не само Бугарите, туку и Австрициите, Романците… ќе ги ставиме во Уставот, најавува Заев

Отсекогаш став на Владата било дека пред влезот во ЕУ ние мора да го отвориме Уставот. Една од причините се токму и помалубројните заедници, кои се присутни и живеат овде и треба да се внесат. Тоа го направи Хрватска, непосредно пред влезот. Имаме години пред нас, но изразената волја дека имаме спремност, не само за Бугарите, за Хрватите, Торбешите, Египќаните, Австријците, Романците и други кои ги имаме во државата од помалубројните етнички заедници, како отворено општество, европска земја, да го следиме примерот на европските земји.

Ова денеска го изјави на прес-конференција премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот нагласи дека граѓаните треба да знаат дека прашањето на пописот е „На која етничка заедница припаѓете?“. И тоа, како што рече е едноставно, дури во електронската верзија граѓаните можат да бираат се што е во кодната листа.

Заев информира дека неодамна имал координација со Торбешите кои живеат во различни делови од државата и додаде дека тие ќе можат слободно да се изјаснат.

-Не ни треба во моментот какво било уставно надополнување за секој граѓанин, како се чувствува етнички така да се изјасни во рамки на пописот. Тоа е слободно.

Секој може недвосмислено, прецизно, јасно да си каже на која етничка заедница припаѓа или доколку припаѓа на некоја верска група да се изјасни дека припаѓа на таа верска заедница или ја практикува таа вера, рече Заев.

Премиерот додаде дека тоа се опциони прашања и граѓаните ќе треба сами да дадат директен одговор.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина Атанас Ковачевски

Редакција

Секој куршум има мета – лекција за опасностите од неовластено пукање за учениците во Липково

Редакција

Бреинстер и Бреинстер Некст колеџот преку реални проекти ги подготвуваат студентите за професиите од иднината

Редакција