еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Српски министер изјави дека признавањето на Косово од страна на Македонија ќе и се удри од глава, реагираа Ковачевски и Вучиќ

Вечерва разговаравме со српскиот претседател Александар Вучиќ во Атина. Ме увери дека како преставник на српската држава, тој ги смета македонскиот народ и македонската држава за исклучително пријателски и дека доколку некој македонски граѓанин е навреден од било која порака од српската држава, тој лично ќе се извини, напиша синоќа премиерот Димитар Ковачевски на неговиот Фејсбук-профил.

Oва следува откако српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ, изјави дека Македонија и Црна Гора се огрешиле кон Србија со признавањето на независноста на Косово и дека тоа ќе им се удри од глава.

Српскиот министер оцени дека „постои голема меѓународна поддршка за создавање на Голема Албанија, нагласувајќи дека тоа не е прашање само за Србија, туку и за нејзините соседи.“

„Дали нашите пријатели во Северна Македонија спијат мирно? Дали спиете мирно? Тие мислат дека се во НАТО пактот и ги решиле своите проблеми со него. Тоа е мантрата и на Црна Гора и на Северна Македонија. Кога станаа членки на таа колективна безбедност, односно НАТО Алијансата мислат дека си ги решиле сите проблеми и дека ништо не може да им се случи,“ изјави Вучевиќ.

По изјавата на српскиот министер, реагираше и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој на неговиот Фејсбук-профил напиша дека „очекува појаснување од министерот за одбрана на Србија“.

По средбата со Ковачевски, Вучиќ на неговиот Инстаграм-профил напиша дека Србија и Македонија се вистински пријателски земји.

„Ако мене ме прашувате, братски. Нема и не смее да има недоразбирања меѓу нас. Ништо не бараме од нашите браќа, единствено што нудиме е искрено пријателство,“ напиша Вучиќ.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето ќе залади: Повремен дожд попладне и утре, температурата до 15 степени

Редакција

Велипеток, најтешкиот ден во годината

Редакција

Случајот ,,Тендери” за Канческа Милевска по шести пат почна од почеток

Редакција