еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Случајот ,,Тендери” за Канческа Милевска по шести пат почна од почеток

Судењето за случајот „Тендери“, во кој е обвинета поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, вчера во Кривичниот суд по шести пат почна од почеток, пренесува Фокус.

Случајот се суди веќе пет години.

Судењето трипати се враќаше на стартната позиција поради проток на 90 дена од рочиште до рочиште, а двапати поради смена на судија поротник. Последниот пат пак се одложи поради смена на судија.

Случајот го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство, а според обвинението, Канческа Милевска се гони за наместен тендер со „Бетон Штип“, кој вредел милион евра. Спорното, според Обвинителството, е тоа што било договорено фирмата да почне да работи, а тендерот да се објави подоцна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канческа Милевска: Не бев уценувана, ниту уценував

(Фото) Канческа-Милевска, Антиќ, Тодевска на мекици кај Мијалкови за првата внука

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кабинет на Орбан: Унгарија досега нема добиено официјално барање за екстрадиција на Груевски

Редакција

Мицкоски на Фејсбук повика на одложување на изборите

Редакција

Во соработка помеѓу македонските и германските служби во Германија запленета марихуана вредна над 100.000 евра

Редакција