еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Лукашенко го запре походот на платеничката група „Вагнер“ на Москва

Евгениј Пригожин, шеф на приватните руски воени сили Вагнер денеска изјави дека им наредил на своите платеници да го прекинат маршот кон Москва и да се повлечат во своите теренски кампови во Украина за да избегнат пролевање на руска крв.

Најавата на Евгениј Пригожин ја деескалира кризата што претставуваше најзначаен предизвик за лидерството на претседателот Владимир Путин во неговото повеќе од дваесетгодишно владеење.

Москва се подготви за пристигнување на приватна армија предводена од незадоволниот командант со подигање контролни пунктови со оклопни возила и војници на нејзиниот јужен раб. Црвениот плоштад беше затворен, а градоначалникот ги повика возачите да се држат надвор од некои патишта.

Пригожин рече дека додека неговите луѓе биле на само 200 километри од Москва, кога тој одлучил да ги врати назад за да избегне „пролевање руска крв“.

Во објавената аудио порака тој не кажа дали Москва одговорила на неговото барање за смена на министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Засега нема коментар од Кремљ.

Објавата уследи по соопштението од кабинетот на белорускиот претседател Александар Лукашенко во кое се вели дека тој преговарал со Пригожин откако разговарал за ова прашање со Путин.

Пригожин се согласил да го запре напредокот во предложеното решение кое содржи безбедносни гаранции за трупите на Вагнер, соопшти кабинетот на Лукашенко.

Тој не даде детали за договорот.

Путин претходно се закани со тешки последици за организаторите на вооружениот бунт предводен од неговиот некогашен штитеник, кој ги изведе неговите сили од Украина, зазеде клучен воен објект во јужна Русија и напредуваше кон Москва.

Во телевизискиот говор до нацијата, Путин го нарече бунтот „предавство“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Драматични сцени од рускиот град Ростов, кој го освоија припадниците на „Вагнер“ откако влегоа во конфликт со Москва

(Видео) Евакуација на дел од населението во Москва, се затвораат трговски центри, музеи..

(Видео) Русија пред граѓанска војна: Москва влезе во конфликт со платеничката група Вагнер

МИА/Фото: Вагнер/Телеграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Сеа и Нефи преку оглас може ќе го бараат“: Твитер реакции за притворот за советникот на ДУИ, Усеини

Редакција

Престанува мандатот на обвинителите на СЈО, Јовески може повторно да ги активира

Редакција

(Фото) Планинари садеа дрвца и го искачија врвот Клепа во чест на Калина и Александар

Редакција