еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Евакуација на дел од населението во Москва, се затвораат трговски центри, музеи..

Би-Би-Си Русија известува за евакуација на јавни згради во Москва додека платениците на Вагнер напредуваат кон главниот град на Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Драматични сцени од рускиот град Ростов, кој го освоија припадниците на „Вагнер“ откако влегоа во конфликт со Москва

(Видео) Русија пред граѓанска војна: Москва влезе во конфликт со платеничката група Вагнер

Медиумот информира дека во Москва се евакуираат музеите во близина на Кремљ. Во последните неколку часа имаше извештаи за евакуација на Третјаковската галерија, музејот Пушкин и културниот центар ГЕС-2, додава Би-би-си. Во Москва наводно биле евакуирани и трговскиот центар Мега Белаја Дача и трговскиот центар Квартал.

Агенцијата NEXE објави видео на кое платеници на Вагнер уриваат барикади на улиците што водат кон Москва, а руската армија подготвува гнезда со митралези на јужниот влез на градот.

Ова следува откако платениците од Вагнер се свртеја против руското воено раководство. Претходно Вагнер ги зазеде сите клучни институции во Ростов на Дон, каде наводно се наоѓа рускиот министер за одбрана.

Руските војници распоредиле сили во полна борбена готовност на југозападниот крај на Москва, објави рускиот весник Ведомости поткрепени со фотографии од теренот.  На фотографиите се гледаат и полицајци собрани на позицијата каде што автопатот М4 се спојува со влезот во рускиот главен град. По овој автопат се движат бунтовничките платеници од „Вагнер“. Според западни медиуми тие се сега на околу 250 км од Москва.

Руските власти наводно им понудиле амнестија на борците на Вагнер доколку се предадат, јавија западни медиуми пренесувајќи извештаи на руски новински агенции.

Руски претставник изјави за руската државна новинска агенција ТАСС дека на борците на Вагнер им е ветена амнестија доколку го предадат оружјето, но тие мора брзо да дејствуваат, пренесоа западни медиуми.

„Вагнеровите борци се уште можат да го положат оружјето и да избегнат казна со оглед на нивните достигнувања за време на специјалната воена операција во Украина, но тоа треба да го направат брзо“, изјави пратеникот Павел Крашениников за ТАСС.

Руските медиуми јавија дека во Москва ќе биде исклучен интернетот ако постои потреба за таков потег.

На социјалните мрежи е објавено дека е блокиран мост на реката Ока што се наоѓа на стотина км јужно од Москва и дек асе копаар ровови во приодите кон главниот град на Русија.

Со напредувањето на Вагнер кон Москва, градоначалникот на руската престолнина ги предупреди жителите на можно затворање на патиштата

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин ги повика жителите да ги ограничат патувањета, предупредувајчи на можно затворање на патиштата.

Собјанин предупреди дека ситуацијата во главниот град е „тешка“, со оглед на тоа дека силите на платеничката група Вагнер се движат кон главниот град на Русија за да го соборат руското воено раководство.

„Ситуацијата е тешка. Ве замолувам да се воздржите од патување низ градот колку што е можно повеќе“, рече Собјанин во изјавата, предупредувајќи на можно затворање на патиштата.

Воедно, тој соопшти дека понеделник ќе биде „неработен“ ден, со одредени исклучоци, за да се минимизираат ризиците.

МИА/Видео: Би-Би-Си Русија/Твитер/Nexta/Visegrad24

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Висината на платата зависи од местото на живеење: Каде има најголеми плати во Македонија?

Редакција

Ковид-19 може да предизвика сериозни крварења во гастроинтестиналниот систем

Редакција

По една недела молк со фотографии со американската амбасадорка се огласи Мерко

Редакција