еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Анкета: Расте разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и популарноста на ДУИ, Левица и Беса

Анкетата на МКД.мк спроведена од агенцијата Маркет вижн во периодот од 5 до 16 јуни покажува водство на ВМРО-ДПМНЕ (22%), следна е СДСМ, за која би гласале 11,5%, за ДУИ би гласале 9,2% од граѓаните, за Левица 5%, Алијанса за Албанците 3,5%…

На прашањето „за која партија ќе гласате на наредните избори“, повеќе од 43 отсто од гласачите одговориле дека нема да гласаат, дека не знаат за кого ќе гласаат или дека ќе го поништат ливчето.

Приближно две третини или 60,9% од испитаниците немаат доверба во ниту еден лидер на политичка партија на македонската политичка сцена. Додека од оние кои се изјасниле, во Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, доверба имаат 12%, во Димитар Ковачевски 6,1%, Али Ахмети 5,9%, во Димитар Апасиев 3,7%, во Никола Груевски 2,9% од испитаниците…

За разлика од анкета на МКД од февруари, Мицкоски има благ раст (од 11% на 12%) во популарноста меѓу гласачите, а Ковачевски пад – од 8,2 на 6,1 отсто. Раст во овој период бележи и популарноста на Ахмети – од 5,1 на 5,9 отсто.

Интересно е и тоа што поранешниот лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села има поголем рејтинг (1,2%) од актуелниот претседател на партијата Арбен Таравари (0,9%). Освен тоа, на оваа анкета за првпат се појавува и името на Максим Димитровски (1,0%), градоначалник на Куманово кој најавува основање на ново политичко движење.

Ако се соберат процентите на популарноста на партиите на Албанците во Македонија (ДУИ, Алијанса за Албанците, Беса, Алтернатива и ДПА) таа бројка е многу поголема од рејтингот на СДСМ (16:11).

Споредено со февруарската анкета, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст за нешто повеќе од еден процент, СДСМ пад за 0,9%, популарноста на ДУИ, Левица и Беса растат…

Анкетирањето било спроведено со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници со ниво на статистичка грешка од 3% и интервал на доверба од 95%. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер му „закачи“ нов алијас на министерот за надворешни работи: Никола Димитров – Никиликс

Редакција

ДИК, се предомисли, го врати старото Упатство за важечки и неважечки ливчиња

Редакција

29 лица од новозаразените со Ковид-19 неодамна патувале во странство

Редакција