еМагазин
Image default
Свет

Мадрид пред вонредна состојба поради ситуацијата со Ковид-19

Шпанската влада утрово започна седница на која ќе се разгледува воведување на вонредна состојба во Мадрид и околните општини. Седницата следува откако е воведен делумен карантин во Мадрид и предградијата, со цел спречување на ширењето на коронавирусот.

Премиерот Педро Санчез синоќа разговараше со регионалната шефица, Изабел Дијаз Ајусо, на која и постави ултиматум дека, доколку таа не прогласи вонредна состојба, тогаш тоа ќе го направи владата.

Вонредната состојба и дава дополнителни овластувања на владата времено да ги ограничи правата на граѓаните, а во овој случај тоа се однесува и на слободата на движење.

Последните две недели во Мадрид и околината се регистрирани по 591 случај на зараза на 100.000 жители, што е двојно повеќе од цела Шпанија заедно (257 на 100.000) и многу повеќе од европскиот просек (113 на 100.000).

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во светот над 2,3 милиони луѓе починале од Ковид-19: САД први на црната листа

Редакција

Словачка доби и проруски претседател

Редакција

Русија по одлуката на ЕУ, Г7 и Австралија за ограничување на цената на руската нафта: Ние секогаш ќе имаме купувачи

Редакција