еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Мафијата дистрибуира бесплатна храна на најзагрозените семејства во Италија

Мафијата во Италија добива се поголема поддршка на локално ниво откако почна да дистрибуира бесплатна храна на сиромашните семејства кои се во карантин, а кои во меѓувреме останале без пари, предупредуваат италијанските власти, објави „Гардијан“.

Во изминативе недели на социјалните мрежи беа објавени видеа на кои познати мафијаши доставуваат основни производи на Италијанците кои се најпогодени од кризата со корона вирусот, пред се во јужните делови на земјата како Кампанија, Калабрија, Сицилија…

Антимафијашките инспектори укажуваат дека голем дел од населението веќе еден месец нема приходи и дека продавниците, кафулињата, рестораните и пабовите се затворени, а никој не знае кога животот ќе се врати во нормала.

Тие предупредуваат дека доколку државата не најде начин да им помогне на најзагрозените, тоа ќе го стори мафијата, но и дека на тој начин ќе наметне контрола врз овие луѓе.

Целата сторија на Гардијан ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италија останува во карантин до 3. мај

Умираат дома: Вистинската слика за починатите од корона вирусот во Италија е многу пострашна

Стравот, социјалниот немир и кражбите го заменија пеењето во Италија

Фото: Financial Times

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„А1 Македонија“ со повеќе претплатници на мобилна телефонија од „Македонски Телеком“

Редакција

Вистината за Симон Трпчески и неговиот настап на концертот во Штип

Редакција

Медицинската сестра немала намера да го повреди бебето на Детска клиника, утврдила Комисијата

Редакција