Убиената жена во Битола е мајка на четири деца, била прободена со нож дестина пати

Вознемирувачки детали соопшти Основното јавно обвинителство Битола за убиената Ајнет Вејсел (31) од Битола.

Таа од страна на нејзиниот поранешен вонбрачен партнер, 33-годишен А.Р., со кој не живеела заедно, била прободена со нож дестина пати, по што веднаш починала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж во Битола си ја уби 31-годишна сопруга

Била убиена додека спиела, а осомничениот, кој е уапсен, ја убил во домот на нејзиниот татко каде што живеела.

Убиената со осомничениот имала четири малолетни деца.

Обвинителството за осомничениот отвори истрага за кривичното дело “убиство при вршење семејно насилство“ и побара притвор, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Телото на убиената жена во Битола дадено на обдукција, Обвинителство собира материјални докази

Македонија е опасно место за живеење за жените: Новиот фемицид во Битола е уште еден аларм за институциите

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести