еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонците „навалија“ во Боровец, Помпорово и Банско, а некои одат и на Алпите

Зимските туристички центри во Бугарија го држат приматот на топ-дестинации во кои македонските граѓани сакаат да одат на зимување. Вистинските скијачи ги преферираат Боровец и Пампорово, а оние кои сакаат и да прошетаат се заинтересирани за понудите во Банско.

„Најверојатно близината, пристапните цени и големиот избор за сместување се причината поради која овие туристички центри сè уште се најинтересни за македонските граѓани“, велат од туристичките агенции.

Од туристичката агенција „Кондор“ посочуваат дека поголем интерес за зимување имаат за Боровец и за Пампорово, отколку за Банско, кое е поактуелно за новогодишните празници.

Во споредба со минатата година, нема поголема разлика во цените. Така, аранжманите за полупансион во хотелите во Банско почнуваат од 30-тина евра дневно, а слични се и цените во хотелските комплекси на Боровец. Поевтино е на Пампорово, каде што полупансион во просек е околу 25 евра, а само за ноќевање и појадок може да се најдат и аранжмани по 20-тина евра.

„Интерес има, но бидејќи овие туристички центри се блиску и граѓаните одат често, многумина од нив сами си наоѓаат сместување“, посочуваат од туристичката агенција „Атлантик турс“.

Има интерес и за Копаоник и за Златибор во Србија, каде што може да се најде сместување со појадок и за околу 40 евра или за полупансион од околу 100 евра. Поголем интерес има за Копаоник, за разлика од Златибор, кој е повеќе за вонсезонско планинско одморање.

Дел од понудата на туристичките агенции е и Словенија. Се нудат аранжмани со наем или на база полупансион со цени што почнуваат од околу 100 евра по лице, но во понудите не е вклучен превозот. Поевтини се аранжманите на Мариборско Похорје, отколку на Крањска Гора, која се наоѓа во близина на границата со Австрија и Италија.

Дел од љубителите на зимскиот спорт сакаат да одат на скијање и на Алпите. Во престижниот француски ски-центар Вал Торанс се нудат пакет-аранжмани за студио за четири лица за седум ноќи со шестдневен ски-билет и автобуски превоз по цена од 450 евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мајката и сестрата на масовниот убиец од белградското училиште се обиделе да ја напуштат Србија и заминат во Македонија

Редакција

Илија Филиповски купи акции во Технокомерц

Редакција

Нови 72 случаи позитивни на корона вирусот, еден починат: Досега вкупно 555 заболени

Редакција