еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Македонија 2025 објави повик за обука на наставници за ефективна настава по природни науки

Македонија2025 објавува единствена можност за обука на 20-25 наставници по природни науки во основните училишта во Македонија, информираат од таму.

Обуката се реализира како дел од соработката на Македонија2025 со компанијата Џонсон Мети, во рамки на програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“.

Целта на проектот е да ги обучи наставниците по природни науки во руралните/урбаните основни училишта во Македонија со вештини и техники за промовирање на интересот и амбицијата на учениците да ја сакаат науката и да ги изберат нивните идни кариери во науката.

-Во рамки на обуката, наставниците ќе добијат идеи и инструкции за тоа како да ја унапредат наставата со цел да го зголемат интересот и знаењето на младите во обалста на науката. Наставниците, заедно со своите ученици, ќе имаат и единствена можност да изработат и презентираат експерименти поврзани со науката на посебно организирани саеми за наука.

Силно веруваме дека преку наше заедничко вклучување и подобрување на капацитетите на наставниците ќе влијаеме на образованието на нашите деца. Токму затоа, оваа обука е достапна за наставници почетници кои реализираат настава по предметот Природни науки во 6. одделение, велат од таму.

Оваа работилница ќе се фокусира на обучување со ефективни методи на настава по природни науки, вклучувајќи учење базирано на истражување, практични експерименти и учење базирано на проекти, сите усогласени со националните и меѓународните стандарди. Обуката ќе се реализира во соработка со Бирото за развој на образование.

-Доколку сте посветен наставник/чка по природни науки во основните училишта во државава, што бара да ги подобри своите наставни вештини и да биде во тек со најновите образовни стандарди, во тој случај, не ја пропуштајте оваа можност преку која ќе ја инспирирате следната генерација научници.

Придружете ни се во ова едукативно и инспиративно искуство за да создадеме мотивирани ученици и посветла иднина!, велат од таму.

Повеќе информации во однос на продобивките од оваа обука, критериумите за аплицирање и селекција може да најдете на следниов ЛИНК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нејзината професионалност ја однесе во „Вог“: Која е Јована Нешова која гази на светската модна сцена

Редакција

Ексклузивните вина на „Château de Gourdon“ со два златни и еден сребрен медал на еден од најпрестижните вински натпревари во Франција

Редакција

Казино „Фламинго“ и хотел ќе ги отстапи собите како место за изолација и карантин

Редакција