еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија исчезнува: Застрашувачки пад на бројот на живородени

За 25 години природниот прираст во земјава се намалил од 15.736, на минус 601 лице, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во 1994 година се родиле 15.736 лица повеќе од колку што умреле, а лани пак се родило 601 лице помалку отколку што умреле.

Податоците од публикацијата на ДЗС за Природно движење на населението во 2019 година, објавена пред една недела, покажуваат пoстојан пад на природниот прираст во последните 25 години.

Ако во 1994 година тој бил 15.772 лица, за пет години до 1998 година паднал на 10.011 лица, односно се намалил за околу 5.000. Од податоците се гледа дека во наредните години природниот прираст постепено се намалува за лани да биде негативен и да има повеќе умрени лица од родени.

Во овој период бројот на живородени се намалува од 31.421 лице во 1994 година, на 19.845 лани, што е намалување за околу 11 илјади родени. Во исто време, пак бројот на умрени се зголемил за околу 5.000 лица, така што во 1.994 имало 15.649 умрени, а минатата година 20.446.

Според податоците на Државниот завод за статистика бројот на живородените деца во градските подрачја изнесува 11.772 деца или 59,3 отсто од вкупниот број живородените деца наспроти 8.073 живородени деца или 40,7 проценти во селските подрачја.

Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања по региони има Скопскиот со 38,1 отсто, а најмало Источниот регион со 6,3 проценти. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 29,8 години наспроти 28,2 години во селските подрачја.

Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 28,5 години

Намалувањето на стапката на наталитет, според податоците на ДЗС објавени во „25 години независна Македонија“, меѓудругото, се должи и на таканаречениот темпо-ефект или одложување на раѓањата и склучување на брак на повозрасни години.

Во периодот 1994- 2015 се бележи опаѓање на бројот на склучените бракови за 10 отсто, но во исто време имаме и зголемување на бројот на разводи, од 39 на 155 разведени бракови на 1.000 склучени.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев вели дека албанскиот јазик е втор официјален јазик, соопштението на Владата кое го негира тоа не го прочитал

Редакција

Граѓанскиот и Кривичниот суд Скопје ќе бидат засилени со по тројца судии, одлучи Судскиот совет

Редакција

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро” го проширува своето присуство во Македонија со отворање на Тренинг центар

Редакција