еМагазин
Image default
Македонија

Македонија најбезбедна земја на Западен Балкан според Институтот за економија и мир

Северна Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан, според истражувањето на Институтот за економија и мир (ИЕП).

Индексот на Северна Македонија е зголемен за 11 индексни поени, и државава е на 40-то место во светот, додека на прво место во светот е Исланд, а на последното 163-то се наоѓа Авганистан.

Зад Северна Македонија се Србија (44. место), Албанија (48. место), Црна Гора (51. место), Босна и Херцеговина (72. место) и на 80. место од земјите од Западен Балкан се наоѓа Косово.

Според Институтот, поголем дел од земјите од Западен Балкан бележат напредок во состојбата за мир, безбедност и внатрешна стабилност.

ИЕП рангира 163 независни земји и териории во светот, оценувајќи ја состојбата на мир во тие земји во публикацијата „Индекс на мирот“ (Peace index) за 2021 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вакцинацијата на децата против Ковид-19 нема да биде задолжителна

Редакција

Од февруари ќе се применува постапка на лотарија за термини за визи за Германија

Редакција

Глоба до 5.000 евра за институциите кои ќе „подзаборават“ на законот за употреба на јазиците

Редакција