еМагазин
Image default
18+ ТОП СТОРИИ

Пандемијата со Ковид-19 се покажа како токсична по сексуалниот живот: Дали ќе останат трајни последици?

Се поголем број на студии покажуваат дека пандемијата со Ковид-19, има огромно влијание и врз сексуалниот живот, и тоа во повеќе фази од траењето на оваа глобална здравствена криза.

Истражувањата спроведени во 2020 година во Турција, Италија, Индија и САД покажуваат дека намалување на честиот секс со партнерите, бил директно поврзан со карантинот и стресот.

„Пандемијата со Ковид-19 создаде атмосфера на неизвесност и страв, многумина доживеаја анксиозност во врска со здравјето, финансиска несигурност и други значајни животни промени,“ вели Џастин Лемилер, социјален психолог и стручен соработник на институтот Кински, според кого, пандемијата со Ковид-19 се покажа како токсична по сексуалноста.

Осаменоста, стресот и грижите врзани за Ковид-19 придонеле за намалување на сексуалната желба спрема партнерите. Стресот е во корелација со депресијата која пак негативно влијае врз сексуалната желба.

„Доколку постои некаква масовна опасност, тоа испраќа сигнал до нашите тела, дека сега можеби не е вистинско време за секс. Од таа причина, „зголемениот стрес доведува до намалување на желбата или потешкотии со сексуална возбуда,“ вели Лемилер.

Карантинот, исто така создаде услови, партнерите да поминуваат премногу време заедно, а тоа исто така ја гаси желбата за секс. Психолозите тоа го нарекуваат „ефект на преголема изложеност“, која овозможува „малите навики на вашиот партнер, да почнат да ве нервираат.“

Психолозите се согласуваат дека еден од клучевите за одржување на желбата во долгорочната врска е дали имате некој вид на мистерија во врска со партнерот и одредена дистанца.

Ковид-19 пандемијата посебно влијаеше на жените, бидејќи освен прилагодувањето на новите услови, исто како и пред коронавирусот, остана и поголемиот товар од грижата за домот, децата..

Но со ковид-пандемијата, стручњаците се согласуваат дека, сексот сепак не е осуден на пропаст.

Имено, додавањето на малку „зачин“ може да го подобри сексуалниот живот на двојките. Луѓето кои пробале нови работи, имаа подобрување во сексуалниот живот.

„Новите активности кои им помогнале да се подобри сексуалниот живот на партнерите, вклучувале „испробување на нови пози, остварување на фантазијата, испробување на БДСМ, односно сексуална пракса која вклучува врзувања и дисциплина, доминација и потчинетост, садизам и мазохизам, како и масажа,“ покажува студијата.

Дали ковид-пандемијата ќе остави трајни последици врз сесуалниот живот?

Според стручњаците, одговорот на ова прашање зависи од многу работи. Некои можеби нема да се подобрат, затоа што долго време имале отсуство на поврзаност.

Некои, го изневериле партнерот прв пат за време на пандемијата, што е индискреција од која партнерите не можат да се опорават.

Други ќе продолжат да страдаат од губење на работата, по пандемијата, како финансиски причини за стресот кои се закана за многу двојки.

Но за многумина има надеж, како што се повеќе луѓе се вакцинираат, така животот се враќа во одредена нормала и луѓето се враќаат во одредена рутина.

Според психолозите било каков вид на враќање во нормалноста е добар показател за партнерите чии што маки започнале во пандемијата, односно стресот ќе исчезне и сексуалниот живот ќе се подобри.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Илинден“: Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија

Редакција

Отворени истраги за воени злосторства во Израел, Газа и Западниот Брег

Редакција

Финансискиот систем во земјава е стабилен и покрај енергетската криза и инфлацијата, велат од Комитетот за финансиска стабилност

Редакција