еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

99 граѓани вакцинирани со трета доза биле позитивни на Ковид-19, нема хоспитализирани

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека во овој момент нема пациент кој примил трета доза вакцина, а е хоспитализиран.

-Досега, 99 пациенти вакцинирани со трета доза се дијагностицирани како позитивни и обично дијагнозата е четири до пет дена по примената трета доза.

Има само еден смртен случај, но со друга тешка здравствена состојба, рече Филипче, одговорајќи на новинарско прашање дали има пациенти кои примиле трета доза и се заразиле со ковид, биле хоспитализирани или починале.

Филипче повтори дека како трета доза, се препорачува да биде примена вакцината „Фајзер“. Притоа е неважно која вакцина била аплицирана во првите две дози.

-„Фајзер“ е препорачана да биде третата доза, независно која е првата и треба да се добие шест месеци од примената втора доза.

Ова не важи за „Синофарм“ и „Синовак“, како и за имунокомпромитирачките пациенти. Кај нив третата доза треба да се прими по три месеци од втората доза. Тоа се препораките секаде во светот, кои и ние ги следиме, објасни Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лекот на „Фајзер“ е во фаза на клиничка студија и затоа засега нема да се набавува кај нас, вели Филипче

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет новозаразени, седум оздравени и еден починат од Ковид-19 во Кичево

Редакција

Прекинат штрајкот во „Идризово“: Затворската управа ќе ги пренесе барањата на затворениците

Редакција

Земјотрес во Скопје со Рихтерова магнитуда од 2,6

Редакција