еМагазин
Image default
Македонија

Прекинат штрајкот во „Идризово“: Затворската управа ќе ги пренесе барањата на затворениците

Штрајкот на затворениците во „Идризово“ е ставен во мирување. Прекинот бил договорен со затворската Управа со која договориле системски да се разгледаат нивните барања.

-Ние осудените лица го известуваме директорот на КПД „Идризово“ дека од денес претходно најавениот штрајк го ставаме во мирување, бидејќи со него е постигнат договор да ги претставува нашите барања пред сите надлежни институции, (Владата на РМ, премиерот и телото за помирување), пишува во писмото на затворениците до Управата на затворот.

Од „Идризово“ за МИА изјавија дека е прекинат и најавениот протест за утре за пред Владата на РМ, што требаше да го одржат семејствата на затворениците.

Тие во писмото до Управата ги повториле нивните четири барања за општа амнестија, за менување на статусот на доживотно осудените лица, за ревизија на сите кривични дела за кои сметаат дека се монтирани и за регулирање на статусот на странските осуденици.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако има најава за причестување од иста лажичка го осудувам и апелирам да не се прави, вели Филипче

Редакција

Oбвинителство: Објавувањето на документи од истрагата за „Рекет“ е кривично дело

Редакција

Зголемување од 84,2%: За една недела 35 смртни случаи од Ковид-19 од 13 градови

Редакција