еМагазин
Image default
Македонија

Македонија прими уште 97 граѓани од Авганистан, активисти на НДИ

Република Северна Македонија останува посветена на глобалната хуманитарна акција која има за цел да им помогне на граѓаните од Авганистан, кои во изминатиов период работеа на подобрување на човековите права, демократијата и мирот, информираат од Влада.

„97 граѓани од Авганистан кои денеска пристигнаа во Скопје ќе бидат привремено сместени додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците за оваа група ќе бидат целосно покриени од Националниот демократски институт за меѓународни работи.

По слетувањето беше спроведена стандардната процедура, поддршка од Црвениот крст, безбедносна проверка и заштита, медицинска поддршка, ПЦР тест и можност за вакцина,“ се вели во соопштението.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Времено се замрзнува издавањето одобренија за градење и легализација на дивоградби во Охрид

Редакција

(Видео) Гилотина за „францускиот предлог“ пред Собрание

Редакција

Судија на Управен суд под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување

Редакција