еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

„Македонијо во срце те носиме“ во недела патува во Кавадарци

Во недела (8 октомври) убавата македонска песна ќе се слуша во Тиквешијата, а така е затоа што во самата завршница на овој дел од турнејата караванот „Македонијо во срце те носиме“ гостува во Кавадарци.

Концертот е со почеток во 20 часот, а ќе се одржи на Градскиот плоштад.

На репертоарот и во градот сместен во срцето на Тиквешијата ќе се најдат сите 12 песни од проектот – „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“… и, секако, химната на овој крај „Ми заплакало село Ваташа“…

Публиката на сцената ќе ги види и чуе Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.

„Македонијо во срце те носиме“ е проект со потписот на Скендеровски продукција, а аранжманот на сите 12 песни е со потписот на Николче Мицевски.

Проектот има за цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното – нашата земја и нејзиното наследство.

По Кавадарци следува големото финале и последниот скопски концерт предвиден за овој дел од турнејата, која опфаќа осум града. Караванот досега ги посети Битола, Велес, Прилеп, Штип, Тетово и Кочани.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Направени се кадровски промени, воведени нови протоколи, се инсталира акцелераторот, рече Меџити на анкетната Комисија за Онкологија

Редакција

Обвинителство отвори предмет по допрен глас за паднатата фасада на „МЕПСО“

Редакција

Сите детали: Владата ќе дели субвенции за набавка на печки на пелети, алуминиумски прозорци, сончеви колектори…

Редакција