еМагазин
Image default
Бизнис

Македонската берза долгорочно ги суспендира „АрцелорМиттал“ и „Благој Тифанов“

Согласно одлука на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје на друштвата „АрцелорМиттал Скопје“ (ХРМ) АД Скопје и „Благој Туфанов“ АД Радовиш, котирани на Официјалниот пазар на берзата на подсегментот задолжителна котација, им е изречена мерка долгорочна суспензија од котација, поради континуирано неисполнување на обврските согласно правилата за котација, соопшти Берзата.

„Мерката долгорочна суспензија од котација се изрекува за период од најмалку 30 дена почнувајќи од 01.02.2021 година и трае до отстранување на причините поради кои е изречена оваа мерка.

За времетраењето на долгорочната суспензија од котација издавачите „АрцелорМиттал Скопје“ (ХРМ) АД Скопје и „Благој Туфанов“ АД Радовиш не го губат статусот на котирани друштва, но должни се во односите со трети лица и во јавноста да истакнуват дека се долгорочно суспендирани од котација на Берзата.

Воедно, за времетраење на мерката долгорочна суспензија, „АрцелорМиттал“ Скопје (ХРМ) АД Скопје и „Благој Туфанов“ АД Радовиш немаат постојани обврски за известување согласно Глава VI од Правилата за котација.

За времетраење на мерката долгорочна суспензија, хартиите од вредност издадени од „АрцелорМиттал“ Скопје (ХРМ) АД Скопје и „Благој Туфанов“ АД Радовиш се тргуваат на редовниот пазар на берзата, на подсегментот слободен пазар, при што за издавачите важат законските обврски за известување за тој подсегмент.

Со донесената Одлука за долгорочно суспендирање од котација се укинува одлуката од 09.11.2020 година за внесување на „АрцелорМиттал“ Скопје (ХРМ) АД Скопје и „Благој Туфанов“ АД Радовиш на листата на набљудување и врз основа на тоа издавачите се бришат од листата на набљудување“, информираат од Берзата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анѓушев: Големите фирми зависат од државната набавка на енергенси по пониски цени

Редакција

(Фото) И Орце Камчев заврши на црната листа на САД

Редакција

Ќе ја прифати ли Стопанска банка Битола понудата од Комерцијална од 20,3 милиони евра за сите обични акции

Редакција