еМагазин
Image default
Македонија

Анкета: Еден од двајца Грци сметаат дека Договорот од Преспа бил во погрешна насока

Половина од анкетираните Грци, односно 51 отсто, сметаат дека Договорот од Преспа бил во погрешна насока, а 36,8 проценти во правилна насока, според резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „About people“ за грчкиот информативен портал „Њуз247“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во анкетата посветена на надворешната политика на Грција, со акцентот ставен на односите со Турција, од испитаниците било побарано да го изразат нивниот став и за Договорот од Преспа, односно дали тој бил во правилна или погрешна насока, две години по ратификацијата во грчкиот Парламент, на 25 јануари 2019 година.

Од анкетираните, 36,8 отсто оцениле дека договорот веројатно е во правилна насока, а мнозинството од нив, односно седум од десет на минатите избори гласале за СИРИЗА, а 23,4 проценти за Нова демократија.

Од оние 51 отсто што сметаат дека договорот веројатно бил во погрешна насока, седум од десет, односно 67,6 отсто на минатите избори гласале за Нова демократија, 23,1 проценти за СИРИЗА, а 56,9 отсто гласале за друга партија.

Останатите 12,2 отсто, за конкретното прашање за Договорот од Преспа ја одбрале опцијата „не знам/не сакам да одговорам“.

Истражувањето на јавното мислење било спроведено на 27 и 28 јануари со учество на 928 лица со право на глас.

МИА/Фото: Фејсбук/Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов тренд: Се намалува бројот на починати од Ковид-19 со претходни заболувања

Редакција

Просекот на заболените со коронавирусот во Македонија останува 43,5 години

Редакција

Ќе влезе ли Алтернатива во Владата: Денеска нова средба на Заев со Гаши

Редакција