еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Македонската кошарка загуби големо име: Почина Марјан Лазовски како последица од компликации со Ковид-19

Денеска, македонската кошарка загуби уште едно големо име, прерано, на 58 годишна возраст, нè напушти големиот Марјан Лазовски, соопштија од Кошаркарската федерација на Македонија.

Лазовски починал како последица од компликации од Ковид-19.

„Поранешниот играчки големец на МЗТ Скопје, на скопски Вардар и некогашен селектор на машката и на женската репрезентација. На нашите младински селекции, од кои една од нив, ја однесе онаму каде што до тогаш тешко можеше и да се замисли, на Европското првенство.

Човекот кој ја предводеше Македонија на единствениот настап во предолимписките квалификации во 2012 година во Венецуела.

Човекот кој што како тренер работеше во Вардар, МЗТ Скопје, АМАК-СП, Пелистер, Торус и во Работнички, кој ете, денеска ни остави само сеќавања на својот ведар дух и голема добрина, како и огромната љубов кон кошарката. Почивај во мир добар наш Маки,“ пишува во соопштението.

Фото: Кошаркарска федерација на Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија го започнува објаснувачкиот скрининг за првиот кластер

Редакција

Ветрот и се насмеа на власта: Излезете надвор, во Скопје се дише

Редакција

„Беса транс“ остана без лиценца за работа

Редакција