еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Моторџиите на протестот порачаа: Обвинителите и судиите со одлуките за условни казни, директно влијаат на хаосот на улиците во кои гинат невини луѓе

Овој мото протест е опомена до судиите и обвинителите да не продолжат да ги мотивираат луѓето да прават сообраќајни незгоди, во кои невини луѓе гинат. Обвинителите кои ги поддржуваат ваквите одлуки директно влијаат на хаосот на улиците, тие се директно одговорни за ситуацијата.

Ова го порачаа мотоциклистите на мото протестот денеска, кој беше организиран поради тоа што Советот на јавни обвинители не најде грешки во работењето на обвинителката во случајот во кој во сообраќајна несреќа загина Гоце Димитриевски од Тетово, а судски прогласениот виновник за смртта Васил Чорбаџиев доби условна казна.

Во таа сообраќајка сопругата на Гоце, Наташа Димитриевска доби тешки телесни повреди и го изгуби нероденото бебе. Денеска на протестот таа се појави со штаки.

„Советот на јавни обвинители и стручниот колегиум на Вишо јавно обвинителство Скопје на кое што јас немам право на никаков правен лек, на толку образложена претставка, тие да ми кажат дека обвинителката постапила законско и согласно прописи. Тоа е срамно за оваа држава,“ рече сопругата на починатиот мотоциклист, Наташа Димитриевска.

Таа додаде дека денеска е таа, а утре може да биде кој било од овде што ги почитува сообраќајните прописи.

„Во оваа низа на пропусти не е само судството, тука е и полицијата и вештите лица, тука е и обвинителството и сите треба да сносат одговорност за ваквото однесување. Елена, Снежана, Васил, сите од СВР Скопје кои што имале дел од овој предмет. Дури и вештаците медицински кои ценат дека моите тешки телесни повреди не се со траен инвалидитет.

Доколку нас не не слушнат народот ќе излезе, затоа што јас лично ќе го повикам за да се покаже дека овие пресуди не се од името на граѓаните, како што судиите вечито се кријат дека се во името на граѓаните на Република Македонија, а стои нивниот потпис и никој не се согласува со истото,“ додаде Димитриевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МОТО ПРОТЕСТ против неказнивоста за сторителите на тешки дела во сообраќајот: Ќе се бара правда за Гоце кој загина кај „Млечен“

Советот на јавни обвинители не утврди грешки во работењето на обвинителката во случајот со сообраќајната несреќа кај Млечен

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Случајот „Транспортер“ повторно пред Врховен

Редакција

(Фото) Хероите од цртаните филмови денеска во акција на Клиниката за детски болести

Редакција

ЕУ ги продолжи економските санкции кон Русија

Редакција