еМагазин
Image default
ЖИВОТ

МОТО ПРОТЕСТ против неказнивоста за сторителите на тешки дела во сообраќајот: Ќе се бара правда за Гоце кој загина кај „Млечен“

Денеска во 12 часот ќе се одржи мото протест со поаѓање од Веро Тафталиџе, односно од местото на сообраќајката кај Млечен во Скопје каде што загина Гоце Димитриевски од Тетово, а судски прогласениот виновник за смртта Васил Чорбаџиев доби условна казна, стои во фејсбук-најавата на настанот.

Во таа сообраќајка сопругата на Гоце, Наташа доби тешки телесни повреди и го изгуби нероденото бебе.

Повод за овој протест е ненаоѓање вина, односно Советот на јавни обвинители не најде вина кај обвинителката што го водеше случајот пред судот (декември 2020).

„Со мото протестот, ние, мото клубовите и поединци од Македонија, сакаме да ја предупредиме јавноста и институциите дека владее недозволива неказнивост на сторители на тешки кривични дела кои завршуваат со смрт во сообраќајни несреќи каде инволвирани се мотоциклисти.

Сообраќајните незгоди можат да му се случат на секого, вклучувајќи не и нас мотоциклистите, но секој треба да одговара за своите постапки. Во изминатите години сме сведоци на многу случаи во кои мотоциклисти гинат на патиштата низ Македонија, а одговорните лица не ја добиваат заслужената казна.

Изрекување на казна условен затвор, де факто слобода, во случајот како за сообраќајката кај “Млечен“, каде загина еден човек и неговото неродено бебе, а неговата сопруга беше тешко повредена, е НЕДОЗВОЛИВА судска пракса.

Судиите кои носат вакви пресуди и обвинителите за кои ваквите пресуди се прифатливи, треба да знаат дека со таков тип НЕКАЗНИВОСТ, директно поттикнуваат натамошно ДИВЕЕЊЕ во сообраќајот, кое доведува до нови жртви кај невини луѓе кои се придржуваат на правилата и прописите.

Затоа овој мото протест е и ОПОМЕНА до судовите и обвинителствата која треба да им биде повод да СЕ ПРЕИСПИТААТ зошто се носат судско-обинителски одлуки што доведуваат до НЕКАЗНИВОСТ.

Мото на протестот истовремено е и АПЕЛ до Апелационите судови, вклучувајќи ја и скопска Апелација, да ја преиспитаат пресудата за нашиот брат Гоце настрадан кај „Млечен“, но и сите други пресуди каде има тешки последици, а има судски одлуки кои се практично НЕКАЗНИВОСТ,“ се вели во најавата на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наташа Апостолоска ги „запали“ социјалните мрежи: Условна казна доби оној кој ми го одзеде сопругот, бебето и мене ме остави со тешки телесни повреди

Советот на јавни обвинители не утврди грешки во работењето на обвинителката во случајот со сообраќајната несреќа кај Млечен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

822 лица во Македонија по вторпат заболеле од Ковид-19, седум починале

Редакција

Државата се подготвува за историски настан: Централната миса на папата Франциск во Скопје, ќе се одржи на плоштадот

Редакција

(Фото) Безбедноста на највиско ниво: Што се им беше одземено од предмети на граѓаните кои дојдоа на мисата на папата Франциск

Редакција