еМагазин
Image default
Свет

Велика Британија: Новата варијатна на Ковид-19 побрзо се шири, се испитува стапката на смртност

Новата варијанта на коронавирусот идентификувана во Велика Британија може побрзо да се шири и во моментов се испитува дали предизвикува поголема стапка на смртност, соопштија денеска британските власти.

– Како што беше објавено во понеделникот, Институтот за јавно здравје на Велика Британија идентификуваше нова варијанта на Ковид-19 преку проучување на геномот на вирусот и во моментов работи на детални студии за карактеристиките на новата варијанта, изјави денеска шефот на Државната здравствена служба, Крис Вити.

Тој додаде дека врз основа на сите достапни податоци од досегашниот тек на испитување на вирусот, владината советодавна медицинска група (NERVTAG) верува дека новиот сој „може да се шири побрзо“.

Претходно беше потврдено дека во Велика Британија е идентификувана „нова варијанта“ на коронавирусот, за која се верува дека предизвикала побрзо ширење на инфекцијата на југоистокот на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По Велика Британија и во Јужна Африка откриена нова верзија на коронавирусот

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зеленски: Го загубив интересот за НАТО, Алијансата не е подготвена да ја прифати Украина

Редакција

И покрај сите мерки на австралиската влада, омикронот ги наполни болниците и ги испразни маркетите

Редакција

Сите патници кои летаат за САД мора да бидат тестирани за Ковид-19 без разлика дали се вакцинирани

Редакција