еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Сите патници кои летаат за САД мора да бидат тестирани за Ковид-19 без разлика дали се вакцинирани

Сите патници кои сакаат да влезат во Соединетите Американски Држави, без разлика дали се вакцинирани или не, мора да имаат негативен тест за Ковид-19, соопшти Белата куќа.

„Ние постојано ги оценуваме нашите одлуки, но сегашните правила за тестирање остануваат на сила“, рече портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Според одлуката на американската Влада, секој што ќе влезе во САД по воздушен пат мора да биде тестиран ден пред летот. Ова се однесува и на граѓаните на САД и на странските патници, без разлика дали се вакцинирани или не.

Правилото не важи за оние кои неодамна боледувале од Ковид-19, доколку тоа можат да го докажат со потврда издадена од лекар или друга здравствена служба.

Исто така, тестирањето не е задолжително за патниците кои летаат внатре во САД, а според одлуката на Федералниот суд, тие повеќе не мора да носат маски додека патуваат.

Најавено е дека правилата во меѓународниот авиосообраќај ќе се менуваат, само доколку здравствените експерти проценат дека тоа е потребно.

Американските туристички компании се спротивставуваат на одлуката на Владата и бараат укинување на задолжителното тестирање за целосно вакцинираните патници.

Авиокомпании, аеродроми, хотели и други претставници на американската туристичка и патничка индустрија минатиот месец испратија писмо до Белата куќа во кое предупредуваат дека рестриктивната мерка ќе предизвика значителни економски загуби.

Во писмото се посочува и дека задолжителното тестирање не е во сила кога станува збор за копнените граници на САД со Канада и Мексико.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Барањето за регистрирација на бугарското здружение „Цар Фердинанд“ во Богданци одбиено

Редакција

Владата на Зоран Заев преживеа

Редакција

(Фото) Три автомобили изгореле на Лефкада, на двајца српски и еден македонски државјанин

Редакција