еМагазин
Image default
Македонија

Македонски државјанин на автопатот Белград-Ниш возел пијан, дрогиран и без возачка дозвола

Српската полиција рано утрово запрела државјанин на Северна Македонија на возраст од 32 години, кој возел пијан и дрогиран по автопатот Ниш – Белград со брзина од 173 километри на час, на место каде што ограничувањето изнесува 130 километри на час, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што се наведува во соопштението на српското Министерство за внатрешни работи, сообраќајната полиција на наплатната рампа Врчин кај Белград околу 4,43 часот запрела автомобил марка „Порше Карера“, управувано од државјанин на Северна Македонија.

Утврдено е дека тој возел без да има положено возачки испит и со 0,28 промили алкохол во организмот, додека со тестот за дрога утврдено е дека е под дејство на кокаин.

Возачот е приведен во службените простории на полицијата и против него ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски: Потребен ни е нов, широк национален и државен консензус за развој поддржан од власта и опозицијата

Редакција

Убава вест: Оздравени 97 пациенти од Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

345 нови случаи на Ковид-19 од 2.455 тестирања, најмногу во Скопје 129

Редакција