еМагазин
Image default
Македонија

Македонски државјанин приведен во Бугарија за шверц на мигранти

Регионалното јавно обвинителство од бугарскиот град Бургас им одреди мерка притвор во траење од 72 часа на државјани на Македонија и на Романија, под сомнеж за организирање на илегален транспорт на мигранти од Авганистан.

Како што соопшти Обвинителството, двајцата странски државјани се товарат дека незаконски им помагале на лица со авганистанско потекло да престојуваат и да транзитираат низ територијата на Бугарија.

Македонскиот државјанин е осомничен за организирање на илегален транспорт на 26 авганистански мигранти, кои биле откриени во неделата во селото Драганци во Општина Карнобат, во реонот на Бургас.

Романскиот државјанин, пак, е обвинет илегален превоз на 27 Авганистанци, пронајдени во понеделникот на потегот меѓу селата Житосвјат и Малина во истата Општина.

Авганистанските државјани биле превезувани со две моторни возила со иста марка и модел.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меркел во обид да го убеди Макрон да не блокира, за Заев почетокот на преговори е заслужен

Редакција

76 лица приведени поради непочитување на полицискиот час

Редакција

За бугарските социјалисти, дел од Владата, нема потреба да се крева ветото за Македонија

Редакција