еМагазин
Image default
Бизнис

Македонски туристи може да останат без одмор во Грција по блокирањето на грчкиот тур-оператор Музенидис

Порталот Плусинфо пишува дека голем број македонски туристи може да останат без одмор во Грција, откако грчкиот тур-оператор Музенидис е блокиран од државата до правно разрешување на внатрешните сопственички и финансиски проблеми по смртта на сопственикот.

Не се знае колкав период ќе бидат блокирани сметките и хотелските капацитети во сопственост на тур-операторот, кој е еден од најголемите во Грција.

Туристички агенции веќе добиле мејл од грчкиот тур-оператор за откажување на сите патувања во периодот од 27 јуни до 31 јуни. Се проценува дека под знак прашање се десетина илјади аранжмани на корисници од Македонија, Србија, Русија, Украина, Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Ерменија, Грузија и од Азербејџан.

Агенциите од Македонија кои соработуваат со овој тур-оператор се вознемирени, бидејќи моментално нема одлука за пренасочување на туристите кон други хотели, а дел од туристите веќе треба да летуваат во Грција. За нив е неизвесно што ќе се случува со аранжманите и како проблемот ќе биде решен во Грција, пишува Плусинфо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Договор од 5,1 милиони евра склучи Министерството за образование и наука со „Хоџа инженеринг“

Редакција

Национални шуми на врвот: Топ 10 најголеми должници на УЈП

Редакција

2,4 милиони патници патувале преку скопскиот и охридскиот аеродром во 2022 година

Редакција