еМагазин
Image default
Македонија

Вишото обвинителство ја „врати во живот“ кривичната против екс министерката Ангеловска за повлекувањето на заштедата од Еуростандард банка

Фокус објави дека Вишото јавно обвинителство ја „вратило во живот“ кривичната пријава која Левица пред неколку месеци ја поднесе против екс министерката за финансии Нина Ангеловска, со обвинение дека ги повлекла своите пари од Еуростандард банка пред таа да пропадне.

Основното јавно обвинителство прво ја отфрли кривичната пријава, а сега Вишото обвинителство ја прифатило поднесената жалба од партијата.

-Вишото јавно обвинителство Скопје, согласно своите законски надлежности, по увидот во жалбата и списите од предметот донесе Решение со кое жалбата ја уважи и го задолжи Основното јавно обвинителство Скопје да ја продолжи постапката со цел утврдување на сите неопходни факти и донесување соодветна јавнообвинителска одлука која ќе произлезе од утврдените факти и докази, велат за „Фокус“ од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкави плати лани во Македонски телеком имале Зоран Китанов, Садула Дураки, Нина Ангеловска…

Левица поднесе кривична пријава против Нина Ангеловска за случајот „Еуростандард банка“

Ангеловска можела да знае податоци за Еуростандард банка, но нема кривична одговорност, порачаа од Антикорупциска

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

541 санкција за неносење заштитна маска

Редакција

(Видео) Раководител на смена на граничниот премин Блаце земал мито, ТВ Клан објави снимка

Редакција

Руска амбасада за изјавите на Пендаровски: Русија не се мешаше, не се меша и нема намера да се меша во внатрешните работи на која било држава

Редакција