еМагазин
Image default
Бизнис

Универзитетот од Велико Трново, „Свети Свети Кирил и Методиј“ ги исполнувал условите за отварање филијала во Македонија, тврди Заев

Премиерот Зоран Заев вели дека Универзитетот „Св. Св Кирил и Методиј“ од Велико Трново ги исполнувал сите законски услови да добие акредитација во земјава. Отворањето негова филијала во земјава, смета премиерот е поткрепа на пријателството, на добрососедството и соработката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Некогаш репер ни беа Кембриџ и Оксфорд, денеска ни е за жал Велико Трново, вели Мицкоски за бугарскиот Универзитет кој ќе работи во земјава

-Кога некоја високообразовна институција од Бугарија бара да отвори овде Универзитет, а ги исполнува условите, а ние го спречиме и покрај исполнувањето на условите тогаш не сме пријатели, рече премиерот Заев одговарајќи на пратеничко прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот Универзитет од Велико Трново отвора филијала во Македонија

Според него, ова се регулира и со членот 24 од Законот за високо образование, кој предвидува  „Странска високообразовна установа на која и е признато право да врши високообразовна дејност, односно акредитирана за вршење на високообразовна дејност во земјата во кое и е седиштето (во конкретниот случај во Бугарија) врз основа на одобрение од Владата на Република Македонија по претходно мислење на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование може на некој од светските јазици да врши високообразована дејност на територијата на Република Македонија“.

-Кога ви аплицира институција согласно законите во нашата земја и притоа ги исполнува условите во Законот и во прилог дава заинтересирани идни студенти коишто пријавиле интерес да го аргументирам тоа дека е така, Вие не можете да донесете одлука да видите дали е од прво рангираната или од шестилјадитата рангирана институција по Шангајската листа.

Овде не пишува по Шангајската листа како да се водиме ние во законите. Ако некој ги исполнува законските услови треба да постапиме позитивно, рече премиерот Заев.

Законот, додаде Заев, е јасен и наставата таму треба да биде некој од признатите јазици – англискиот, италијанскиот, германскиот, францускиот или македонскиот јазик.

-Така што согласно законот и правото доби затоа што ако некој аплицира, ги исполнува условите таму во законот претходно вика што услови треба да исполнува. На мислење на Министерството за образование и наука, кое што е завршено, одборот за акредитација е завршено, Владата дава отворање.

Има и сегашни и минати влади дале и некои одзеле заради неисполнетост на условите по слово на закон и по правото аплицирале, ги исполниле условите е дадено одобрението за отворање на високообразовната институција, истакна премиерот.

Тој вели дека нема да има недоразбирања заради сличното име со Универзитетот „Свети Кирил Методиј“ од Скопје.

-Во самите дипломи има јасно кој тоа универзитет дал диплома. Се знае дека е „Свети Свети Кирил и Методиј“ од Велико Трново, кој има овде отворено високообразовна институција, е различен од нашиот македонски универзитет „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје кој што ги издава дипломите, рече Заев одговарајќи на прашање на пратеничката Гордана Силјановска Давкова.

Таа од него побара одговор врз која основа е дадено решение и одобрување за овој универзитет. Забележа дека тој нема да придонесе за поквалитетно образование на младите, поради тоа што, како што истакна, е на 3.765 место на Шангајската листа на најдобрите универзитети во светот. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цената порасна: Голден Арт за 7 милиони евра ја купува управната зграда на Раде Кончар – Заеднички дејности

Редакција

Времено стопирана арбитражната постапка со Хеленик петролеум, грчката компанија бара од државата 32 милиони долари оштета

Редакција

МВР вработува 39 лица

Редакција