еМагазин
Image default
Македонија

Некогаш репер ни беа Кембриџ и Оксфорд, денеска ни е за жал Велико Трново, вели Мицкоски за бугарскиот Универзитет кој ќе работи во земјава

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска нагласи дека нашата земја заслужува веднаш да ги отпочне преговорите со ЕУ за полноправно членство затоа што, како што рече, ги исполни сите поставени услови.

-Нашиот став е непроменет и мислам дека тоа треба да биде став на секој еден граѓанин, а тоа е преговори веднаш. Преговори треба утре да се случат, а Европската Унија треба да си го исполни ветувањето што го даде на овој народ, на Македонија, дека веднаш по исполнувањето на критериумите со кои што Зоран Заев не понижи како народ и како нација и како држава, ќе го отпочнеме патот кон полноправно членство, изјави Мицкоски по денешната посета на Гевгелија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ ќе бара правда по легален пат, откако бугарски универзитет со исто име доби дозвола за работа во земјава

Владата даде дозвола за работа на бугарскиот универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“

Прашан за отворање на Универзитет „Свети свети Кирил и Методиј“ од Велико Трново, Бугарија во нашата земја, Мицкоски рече дека не е запознаен со деталите. Посочи дека не би сакал да верува дека континуираната, како што рече, предавничка и губитничка политика што ја води владата на СДСМ, предводена од Зоран Заев е мотив ова да се случи.

-Ако некогаш репер ни беа Кембриџ и Оксфорд, денеска ни е за жал Велико Трново во науката и образованието. Тоа за мене како педагог и универзитетски професор е неприфатливо и одбивам да се идентификувам со тие вредности и останувам фокусиран кон вредностите што ги генерираат Кембриџ и Оксфорд наспроти оваа Влада со нејзините предавнички и губитнички политики, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека очекува уште еден ценовен шок затоа што цената на електричната енергија повторно ќе била зголемена.

-И од Гевгелија сакам да порачам да се намали стапката на данокот на додадена вредност од 18 на 5 проценти за електричната енергија за сите потрошувачи на слободниот пазар и апелирам до Владата да донесе предлог за спас на граѓаните од ценовен шок, инфлација, инфлаторна спирала и од зголемување на цените што ќе ги предизвика зголемената цена на електричната енергија, рече Мицкоски.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео од апсењата на ГП „Табановце“, 12 полициски службеници заработија кривични

Редакција

Општина Струга бара пролонгирање на почетокот на учебната година

Редакција

Ако бугарските здруженија не ги сменат имињата, ќе бидат избришани од Регистарот, најавија од Централен регистар

Редакција