еМагазин
Image default
Бизнис

Македонските производи би можеле да станат дел од „Лидл“ маркетите

Македонските производи би можеле да станат дел од синџирот на набавка на „Лидл“ маркетите. Преговорите со оваа компанија, која најави инвестиција во земјава, се во тек.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервјуто за МИА открива дека се разговара и за тоа дали постои можност македонските производи да станат дел од овие маркети.

– Тоа е голема инвестиција и требаат поприлично многу подготовки. Но, она што е клучно е дека ние не ја третираме само како инвестиција со која доаѓа еден голем бренд во земјава.

Во овој момент преговараме со нив дали нашите производи ќе станат дел од ланецот на набавка на „Лидл“, дали преку влегувањето на „Лидл“ во нашата земја ќе успееме производите кои се произведуваат кај нас да ги ставиме во глобалниот синџир на „Лидл“.

„Лидл“ е важен затоа што ќе донесе некои продукти, кои во моментот можеби ги немаме, но за нас е битно нашите продукти да станат дел од ланецот на „Лидл“. Мене ќе ми биде задоволство да видам наши домати да се продаваат во „Лидл“ во Германија, истакнува Битиќи во интервјуто.

Не сака да прецизира рокови, но се надева дека до крајот на годината ќе излезат првите резултати. За да започне со работа, потребно е „Лидл“ да изгради голем дистрибутивен центар од кој потоа ќе ги снабдува своите маркети во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Лидл“ во Македонија ќе отвори маркети во осум градови

МИА/Фото: Photo by K. Mitch Hodge on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепска Пиварница лани со добивка

Редакција

Велешки Димко Митрев со намалена добивка во првото полугодие

Редакција

НЛБ Банка воведува прв и единствен мобилен кредит – Мклик кредит

Редакција