еМагазин
Image default
Македонија

Заев најави интензивирање на средбите со бугарските власти пред јунскиот Самит на ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска најави интензивирање на средбите со бугарските власти во насока на постигнување решение за спорот со Бугарија, пред јунскиот самит на Европската Унија, за кој постои оптимизам дека ќе биде дадено зелено светло за одржување на првата Меѓувладина конференција.

Заев, кој денеска заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на „Македонија пат“, Беким Мемеди присуствуваше на увид на реконструкцијата на патниот правец Кавадарци-Дреново, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека во периодот до 22 јуни ќе се одржат многу состаноци.

Го спомена самитот во Анталија на 17 јуни, но како можност за средби со бугарските претставници го посочи и самитот на НАТО во Брисел на 14 јуни.

„Верувам дека и билатерално ќе се видиме затоа што нашите министри за надворешни работи со своите тимови соработуваат, го доразвиваат планот за соработка. Се работи за секторскиот план од сите области, верувам дека ќе го утврдиме до крај.

Јас дури верувам дека може да се одржат и Меѓувладината конференција во престојниот период, а во меѓувреме да се усвојат сите потребни работи,“ нагласи Заев.

Додаде дека интензивирањето на состаноците и приближувањето до решение, може да биде од помош, за како што рече, „тоа гласно ДА“, кое се очекува на 22 јуни за одржување на првата Меѓувладина конференција.

„Пред нас е мегдан, значаен период, верувам дека можеме да ги искористиме до максимум сите можни средби за да постигнеме евентуален успех,“ нагласи премиерот.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчката полиција во соработка со македонската разби меѓународна мрежа за трговија со дрога – запленети над 100 килограми кокаин

Редакција

(ВИДЕО) Алфите со тактичко показна вежба го одбележаа 14. роденден

Редакција

Јанева изнесена од судница поради недоличните коментари кон Стефанова, ја нарече „гомнарке“, и „ороспијо“

Редакција