еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Македонските пронаоѓачи со повеќе награди на Саемот на иновации и нови технологии во Москва

Претставници од Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија добија повеќе награди за патентите со кои се претставија на 24-тиот Меѓународен саем на иновации и нови технологии „АРХИМЕДЕС“, кој се одржа во Москва во организација на Архимед клуб.

Во конкуренција на 600 патенти од 19 држави од сите континенти и 34 региони, кои добиле право да учествуваат на овогодинешниот саем, нашите претставници освоија повеќе награди меѓу кои два Златни медали од стручното жири, информираат од Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија – НАПМ.

Драган Јованов за неговиот патент „Агрофито тоник“ е добитник на Златен медал (од стручното жири), Пехар за најуспешен млад научник од областа и Златен медал (специјална награда од партнерот на саемот).

Борис Дескоски за неговиот патент „Електронски стап за слепи лица“ е добитник на Златен медал (од стручното жири) и Златен медал од сојузот на пронаоѓачи од Руска Федерација (Севастопол).

Нашите претставници, се вели во соопштението, добиле и повеќе специјални награди (дипломи) од престижни руски универзитети, додека нивните патенти предизвикале голем интерес кај посетителите и стручната фела.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Како Охриѓани реновираат купатило: Кадата ја фрлат во езеро

Редакција

Португалскиот министер Силва: Цел ни е Скопје и Тирана да ги почнат преговорите за време на португалското претседателство со ЕУ

Редакција

Досега попишани 512.457 лица, директорот на ДЗС тврди дека пописот се одвива без застои и проблеми

Редакција