еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Македонските вина на промоција во Сингапур

Во Сингапур се промовираат македонските вина под слоганот „Богатство од стариот свет“, под покровителство на Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство (МЗШВ).

„На манифестацијата специјално наменета за промоција на македонските вина, посетителите ќе може да ги дегустираат најквалитетните вина од повеќе македонски винарии.  На промоцијата се присутни сомелиери и претставници од најголемите дистрибутери на вино од Азија, што претставува добра можност за промоција и зголемување на извозот на македонското вино“, информираат од МЗШВ.

Претставници на МЗШВ, во април годинава имале работна средба со економски тим од Сингапур, на кој се се дискутирало за конкретни активности за зголемување на трговската соработка помеѓу Република Македонија и Сингапур.

Една од темите била и пробивање на македонското вино на сингапурскиот пазар, а прв чекор од дефинираните активности била организација на ваков настан.

Сингапур е една од најразвиените земји во светот со увозна вредност на вино од 250 милиони евра годишно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Македонски студенти за пронајдокот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ освоија злато во Сеул

Редакција

Годишен шопинг на сметка на Веро за најсреќниот потрошувач

Редакција

Утринска програма на „Телма“ се враќа на ТВ екраните

Редакција