еМагазин
Image default
Бизнис

Макошпед лани со добивка

Макошпед АД Скопје лани оствари добивка од 171.390 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех и добивка во износ од 171.131 илјади денари искажана во неревидираниот консолидиран Биланс на успех, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Остварените вкупни приходи за период јануари – декември 2022 година изнесуваат 257.168 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2021 година бележат зголемување.

Оперативните приходи изнесуваат 251.454 илјади денари и бележат зголемување во однос на оперативните приходи за истиот период 2021 година, што се должи пред се на растот на останати оперативни приходи кои се резултат на продажба на недвижен имот преку реализација на одлука донесена на Собрание на акционери во 2021 година.

Финансиските приходи изнесуваат 5.714 илјади денари, додека во 2021 година Друштвото има остварено 5.347 илјади денари.

Вкупните расходи се во износ од 66.809 илјади денари и бележат намалување во однос на вкупните расходи за истиот период 2021 година.

Оперативните расходи изнесуваат 66.539 илјади денари и бележат намалување од 5% во однос на истиот период  2021 година.

Финансиските расходи изнесуваат 270 илјади денари и бележат зголемување од 9% во однос на финансиските расходи за истиот период 2021 година.

Остварените консолидирани вкупни приходи изнесуваат 271.303 илјади денари и во споредба со остварените консолидирани вкупни приходи за истиот период 2021 година бележат зголемување.

Консолидираните оперативни приходи изнесуваат 265.589 илјади денари и бележат зголемување во споредба со остварените оперативни приходи за истиот период 2021 година, што се должи пред се на продажба на недвижен имот.

Консолидираните финансиски приходи изнесуваат 5.714 илјади денари и бележат раст од 6% во однос на финансиските приходи во 2021 година.

Консолидираните расходи се во износ од 81.203 илјади  денари и бележат зголемување во однос на вкупните расходи за истиот период 2021 година.

Консолидираните оперативни расходи изнесуваат 80.933 илјади денари и бележат зголемување од 3% во однос на истиот период  2021 година.

Консолидираните финансиски расходи изнесуваат 270 илјади денари и бележат зголемување во однос на финансиските расходи за истиот период 2021 година, велат од Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макошпед со добивка во првите девет месеци

Макошпед во првите шест месеци со зголемена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавниот долг годинава 60% од БДП, во 2021 ќе се зголеми за еден до два процентни поени, прогнозира Народна банка

Редакција

Горивата поевтинуваат за половина денар, се зголемува цената на мазутот

Редакција

Пауновски: Инспекциите полни раце работа во Скопје, летале навреди во „Мош“

Редакција