Макстил со намалена добивка во првото полугодие

Макстил АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварил добивка пред оданочување од 241 милиони денари, и истата бележи намалување во споредба со остварената во првото полугодие од 2025 година, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Нето добивката изнесува 215 милиони денари, и е намалена во однос на остварената за истиот период лани.

-Намалувањето на добивката се должи пред сѐ на тоа што во истиот период во 2025 година беше оприходуван данокот на солидарност што беше признаен како трошок во 2023 година, велат од таму.

Друштвото остварило приходи од 4,15 милијарди денари, од кои приходите од продажби како носечка ставка во структурата на вкупните приходи учествуваат со 98%.

-Споредено со истиот период од 2025 остварените приходи од работењето (4,64 милијарди) се пониски за 11%.

Намалените приходи се должат воглавно на намалената реализација во однос на претходната година за повеќе од 15.000 тони лимови и намалените приходи од директна продажба во однос на приходите од преработка, велат од таму.

Остварените расходи изнесуваат 3,63 милијарди денари. Споредено со истиот период во 2025 година расходите (4,02 милијарди денари) се пониски за 10%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макстил лани со зголемена добивка

Промени во менаџментот на Макстил

Марија Дуковска-Павловска избрана за генерален директор на Макстил

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести