еМагазин
Image default
Бизнис

Макстил лани со зголемена добивка и приходи

Макстил АД Скопје за периодот јануари – декември 2022 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните поединечни финансиски извештаи, информираат од компанијата преку Македонската берза.

-Во текот на целата година остварени се приходи од работење во износ од 11,25 милијарди денари, од кои приходите од продажби како носечка ставка во структурата на вкупните приходи учествуваат со дури 98,6%. Споредено со истиот период од 2021 остварените приходи од работењето (7,28 милијарди) се повисоки за 54,6%.

Во текот на 2022 остварените расходи изнесуваа 9,64 милијарди денари, споредено со истиот период во 2021 година остварените расходи од работењето (5,92 милијарди денари) се повисоки за 63%, што воглавно се должи на зголемениот обем на производство на готовиот производ во текот на овој период, како и зголемувањето на трошоците на влезните материјали и енергенси, а особено на природниот гас и електричната енергија. Овие зголемувања на цените на енергенсите предизвикаа зголемување на цените на сите други влезни материјали, како што се другите технички гасови, техничките води и феролегурите.

Добивката пред оданочување во извештајниот период е 1,2 милијарди денари и е повисока од остварената во текот на 2021 година, додека нето добивката изнесува 1,07 милијарди денари и е повисока од остварената за истиот период во минатата година, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Макстил одбележа 25 години постоење и работа

Макстил со зголемена добивка во првите шест месеци

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Битолската „Еко клуб плус“ го доби тендерот на ЈП „Комуналец Битола“ за набавка на специјални возила за отпад вреден 241.000 евра

Редакција

Колкави се надоместоците на членовите на Надзорниот одбор на Охридска банка

Редакција

Општина Охрид има долг од 22 милиони евра

Редакција