еМагазин
Image default
Забава

(Мапа) Сите детали: Започнува фестивалот на светлосната уметност „Skopje Light art district 2020“

Од Камениот мост, преку зградата на МЦМ до Градскиот парк – вечер, во 20:30 часот, почнува третото издание на Mеѓународниот фестивал на светлосната уметност, Skopje Light Art District.

Фестивалот ќе трае до 22 август, ќе се одвива по однапред утврдена рута и за посетителите ќе понуди многубројни светлосни инсталации кои ќе ги оживеат објектите во центарот на градот.

– Третото издание на фестивалот на светлината претставува симболичен мост, живописна врска што ги обединува уметноста, технологијата и науката, минатото со сегашноста и иднината, градот и природата, користејќи го јазикот на светлината.

Фестивалот годинава ќе испрати пораки за заштита на животната средина – преку одговорни одлуки и начин на живот да се заштити природата и нејзините богатства, соопшти Град Скопје.

Оттаму посочија дека за полесна комуникација, запознавање со уметниците и нивните дела, како и утврдената мапа за движење, Skopje Light Art District создаде и Андроид апликација која посетителите ќе можат да ја симнат на своите мобилни телефони и да ја користат за време на фестивалот.

Mеѓународниот фестивал на светлосната уметност е во организација на Универзална Сала и Град Скопје, со поддршка на Делегацијата на Европската унија и Францускиот институт во Скопје.

Инфо за сите уметници кои се дел од овој фестивал ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Дождови“ – нова песна на Александра Јанева

Редакција

(Фото) Промоција на мурал, книга, настап на Златните славејчиња: Одбележан роденденот на маестро Џамбазов

Редакција

(Фото+Видео) „Торнадо“, нова песна и спот на Тамара Тодевска

Редакција