еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Мазутот поскапува, цената на другите горива останува иста

Мазутот М-1 НС од ноќеска на полноќ поскапува за 1,183 денари за килограм, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,6 отсто.

Новата малопродажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 40,574 денари за килограм.

Моторниот бензин Еуросупер БС – 95 и понатаму ќе се продава за 83 денари за литар, Еуросупер БС – 98 за 85, Еуродизел БС (Д-Е V) за 72, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 71,5 денари за литар.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,374 отсто, кај дизелот за 1,841, кај екстра лесното масло за 2,126 и кај мазутот за 4,61 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,53 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнува сезонски режим на сообраќај за тешки товарни возила

Редакција

(Видео) Д-р Жан Митрев советува како против корона вирусот: „Маските на отворено не се никаква заштита“

Редакција

Средбата Мицкоски-Ковачевски ќе биде тет-а-тет, ќе и претходат разговори со пратениците, коалицијата и ИК на партијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција