еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Меѓународната агенција за атомска енергија под итно бара проверка на состојбата во нукелеарната централа Запорожје

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси побара во Советот за безбедност на ОН пристап до нуклеарната централа во Запорожје, Украина, каде се вршат воздушни напади, за што Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат.

– Ситуацијата е сериозна и МААЕ мора да биде овластена да ја изврши својата мисија во Запорожје што е можно поскоро, нагласи Гроси, говорејќи онлајн за време на итниот состанок на Советот за безбедност на ОН посветен на украинската нуклеарна централа.

Гроси рече дека „времето истекува“ и потсети дека МААЕ со недели се обидува да испрати мисија за проверка на објектот.

Местото на електраната „Запорожје“, најголемата во Европа, од почетокот на март е под руска контрола. Со цел да се гарантира безбедноста на локацијата и да се овозможи инспекциската мисија, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и САД повикаа на формирање демилитаризирана зона околу централата.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Бугарскиот пратеник Костадинов и од Скопје порача дека Македонија е втора бугарска држава

Редакција

Исчезнатиот Александар Јошески од Прилеп пронајден мртов

Редакција

(ВИДЕО) Тинејџерите „одлепија“ по нив: Кои се македонските јутјубери Марко Марковиќ и Стефан Рашковиќ

Редакција