еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Меѓународниот аеродром Скопје ја доби ASQ-наградата за квалитет на услигите за 2018 година

Светски реномираната организација Меѓународен совет на аеродроми (Airports Council International) му ја додели ASQ-наградата за квалитет на аеродромски услуги за 2018 година на Меѓународниот Аеродром Скопје, рангирајќи го како еден од најдобрите аеродроми во Европа во категоријата на аеродроми под 2 милиона патници годишно, гледано од аспект на искуството на самите патници.

Ова е 4-ти пат како Меѓународниот Аеродром Скопје ја добива наградата за квалитет на аеродромски услуги од ACI, овој пат за 2018 година, a претходно ја има добиено за 2012, 2013 и 2015 година.

ACI ги објави добитниците на светски реномираната награда од Програмата за квалитет на аеродромски услуги денеска, на 6-ти март, во своето седиште во Монтреал, Канада.

Програмата за квалитет на аеродромските услуги на ACI, ги препознава и им оддава признанија, на аеродромите низ светот, кои што испорачуваат најдобро искуство за клиентите, преку мислењето на патниците.

-Среќни сме за добрата вест од ACI, дека Меѓународниот Аеродром Скопје е добитник на Наградата за квалитет на аеродромски услуги за 2018 година. Тоа значи дека сме меѓу најдобрите аеродроми во Европа за 2018 година од аспект на искуството на патниците, во категоријата на аеродроми под 2 милиона патници годишно.

Ова е 4-ти пат како го добиваме ова престижно признание, кое што претставува репер на глобално ниво за врвноста на услугите кон клиентите, по ASQ наградите добиени во 2012, 2013 и 2015.

Ова ја докажува нашата посветеност да им обезбедиме услуги со највисок квалитет на нашите патници, и покрај френетичното 24-часовно темпо на работа, на еден од најбрзо растечките аеродроми на Балканот – Меѓународниот Аеродром Скопје.

Би сакал да им се заблагодарам на вработените за нивниот труд, како и на нашите сестрински компании БТА (храна и пијалаци), АТУ (безцаринската продавница), ТАВ МОС (PrimeClass и Комерцијални услуги), ТАВ Технолоџис (ИТ услуги) и Еуроклин (услуги за одржување хигиена), како и на Полицијата и Царинската администрација, како државни органи кои се присутни на аеродромот со нивните услуги, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Програмата за Квалитет на аеродромски услуги (ASQ) е водечка програма на глобално ниво за аеродромски услуги за патници, и референтна точка што го мери задоволството на патниците низ 37 клучни индикатори за успешност.

Програмата се спроведува од страна на сертифицирани агенти за спроведување анкети со патници додека тие се на аеродромот, преку Прашалниците за квалитет на аеродромските услуги на ACI.

-Наградите за квалитет на аеродромските услуги ги слават достигнувањата на аеродромите во обезбедувањето на најдоброто искуство со клиентите и претставуваат највисоко можно признание за аеродромските оператори ширум светот.

Аеродромите препознаа дека испорачувањето подобрено патничко искуство е важна деловна алатка во сè поконкурентна индустрија. ASQ на ACI е единствената програма воспоставена на глобално ниво, која што обезбедува објективни мерења и репери за аеродромите, за да им помогне да го придвижат нивното работење, изјави Ангела Гитенс, генерален директор на ACI World.

Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби ASQ наградата за 2018 година од ACI, во панел од 23 аеродроми во европскиот регион, во категоријата аеродроми под 2 милиона патници. Другите 4 наградени аеродроми во истиот панел се во Шпанија: Алмерија, Џирона (Коста Брава), Мелиља и Сарагоса.

Аеродромите добитници на ASQ наградата за 2018 ќе добијат плакети од ACI на церемонија по повод Наградите за квалитет на аеродромските услуги, која што ќе се одржи за време на Глобалниот самит за искуство на клиентите на ACI, во Бали, Индонезија, во септември 2019 година.

ТАВ Македонија продолжува да бележи пораст на бројот на патници и во 2019 година. Првите два месеца од 2019 година ги заврши со вкупно 305.246 патници, што претставува 7% годишен пораст, на двата аеродрома – Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродром Св. Апостол Павле – Охрид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Tимот на Реплек волонтираше за помош за бездомниците во рамки на глобалната иницијатива „Петок за заедницата“  

Редакција

Казино „Фламинго“ и хотел ќе ги отстапи собите како место за изолација и карантин

Редакција

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Редакција