еМагазин
Image default
Македонија

Медицинска сестра од штипскиот Центар за лица со попреченост позитивна на Ковид-19, центарот привремено затворен

Во наредните 14 дена се затвора Центарот за лица со интелектуална и физичка попреченост во штипската населба Ново Село. Позитивна на вирусот е медицинската сестра, резултатот од тестот е пристигнат синоќа и епидемиолозите веќе ја имаат направено и анкетата, а изолирани се и децата кои го посетуваат овој центар.

Директорката на Центарот за социјални работи, Златка Иванова вели дека изолирани се седум корисници на центарот и четворица вработени.

Работено е со визири, ракавици и маски, а поради блискиот контакт поради хигена или хранење на корисниците, висок е ризикот за пренесување на вирусот. Инспекциската контрола на 6. октомври покажала дека работат согласно протоколите.

– Како институција ги имаме преземено сите протоколи, за прием и грижа на лицата во центарот. Во центарот имаме лица на различна возраст. Родителите ќе бидат информирани, како понатаму да постапуваат, инаку ќе бидат ослободени од работните обврски со цел да се грижат за своите деца. Вирусот сметаме дека е пристигнат од надвор, вели Иванова.

Центрите за лица со интелектуална или физичка попреченост се отворени пред шест дена, ова е прв случај на појава на вирусот меѓу вработени во овие центри.

Во наредните 14 дена штипскиот центар ќе остане затворен и ќе се следи состојбата на децата со посебни потреби, бидејќи нивната здравствена состојба е сензитивна.

Во овој објект во штипската населба Ново Село, со посебен влез и излез беа сместени и децата од градинката „Вера Циривири-Трена“, каде што пред неколку дена беше регистриран позитивен случај, кај вработена, по што во изолација заминаа нејзината колешка и вкупно 12 деца.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кандидатот на ДУИ, Дука победи во Дебар, неговиот противкандидат најави приговори

Редакција

По 15 септември ќе се знае колку ученици ќе ја следат наставата со физичко присуство

Редакција

Абдулменаф Беџети нов ректор на УЈИЕ во Тетово

Редакција